ОГРАНИЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ВО ДЕБАР МААЛО ЗА ВИКЕНДИТЕ Герасимовски најави рампи на 4 клучни локации

Жителите на Дебар Маало ја поздравија одлуката на Герасимовски за ограничувањето на движењето на возилата на Дебар Маало со што ќе се растовари сообраќајот во оваа населба.

76

Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со идните советници поделени во тимови, синоќа беше од врата до врата во Дебар Маало и околу Градскиот парк. Тие посетиле повеќе од 200 домаќинства кадешто разговарале за сработеното во изминатите четири години, но и за проектите што се предвидени да се реализираат во новиот мандат.

Жителите на Дебар Маало ја поздравија одлуката на Герасимовски за ограничувањето на движењето на возилата на Дебар Маало со што ќе се растовари сообраќајот во оваа населба.






– Еден од главните проекти е иницијативата за ограничување на движењето на возилата во Дебар Маало. Со овој проект предвидено е затворање на сообраќајот за викендите, почнувајќи од петок во 18:00 часот, па сѐ до понеделник во 06:00 часот. Во тој период, поставуваме рампи на четири клучни локации, со што значително го намалуваме метежот и бучавата, а ќе се овозможи и повеќе простор за пешаците, велосипедистите и за жителите да уживаат во мирна и безбедна средина – изјави Герасимовски.

Тој потенцира дека влез ќе биде дозволен исклучиво за граѓаните кои живеат во Дебар Маало и кои ќе поседуваат специјални дозволи издадени од Општината.

За останатите возила ќе постои можност за кратко задржување до 15 минути, со цел да се овозможи достава или извршување неопходни обврски, но со строго регулирани правила.

Поврзани содржини