Ограничувањата за влез во Финска продолжени до крајот на април
Од 19 септември е дозволен влез во земјата без потреба од самоизолација и тоа само од земји каде бројот на инфекција во последните две недели не надминува 25 на 100.000 жители
Финска до 30 април ги продолжи ограничувањата на границата што се воведени заради пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска прес-службата на финската Влада.
– Пандемијата на коронавирусот продолжува и натаму. Во тој поглед, како и за да се спречи ширењето на мутациите на коронавирусот, потребно е да се продолжи важноста на веќе донесените одлуки за граничните ограничувања до 30 април – се наведува во соопштението.
Финска претходно од 19 март до 13 мај 2020 година ги затвори своите граници за да го спречи ширењето на коронавирусот. Од 19 септември е дозволен влез во земјата без потреба од самоизолација и тоа само од земји каде бројот на инфекција во последните две недели не надминува 25 на 100.000 жители