ОГРАБУВАЛЕ ЦРКВИ, МАЛТРЕТИРАЛЕ МАЛОЛЕТНИЧКИ НИЗ СКОПЈЕ Полицијата смести двајца бандити кајшто им е местото

Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата, а дел од одземените средства и предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

292

Синоќа во 21.15 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар и Единицата за внатрешни работи Карпош ги уапсиле А.И.(24) и В.А.(20), двајцата од Скопје.

Од МВР соопштија дека тие се сомничат дека на 16.10.2022 одзеле пари од спортска обложувалница на ул.Митрополит Тедосиј Гологанов, на 21.10.2022 со употреба на подесен алат и физичка сила влегле во црквата „Св.Богородица” на кеј „Димитар Влахов” и одзеле пари, на 01.11.2022 на ул. 11 Октомври со употреба на физичка сила од женско лице од Скопје одзеле паричник, а на 14.11.2022 во подрумски гаражи на ул.Кузман Јосифовски Питу со закана и употреба на физичка сила од малолетничка од Скопје одзеле пари.






Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата, а дел од одземените средства и предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини