ОГРАБИЛЕ ОБЛОЖУВАЛНИЦА ВО ШУТО ОРИЗАРИ Уапсени тројца разбојници

Тројцата влегле во објектот и со закана кон вработената ја принудиле да им ги даде парите од касата.

264

Полициски службеници од ЕВР Чаир денеска ги упасиле М.Д.(35), Р.К.(33) и А.И.(36), сите од Скопје, под сомнение дека вчера околу 22.25 часот ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Шуто Оризари.

Тројцата влегле во објектот и со закана кон вработената ја принудиле да им ги даде парите од касата. При претрес во домот на М.Д., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело, информира полицијата во службениот билтен.

Поврзани содржини