ОГРАБИЛА ЧОВЕК КОЈ ПОЧИНАЛ НА УЛИЦА Велешанката е приведена во станица

3,847

Полицајци од СВР Велес ја уапсиле 32-годишната велешанка која е осомничена дека ограбила 54-годишен велешанец веднаш откако му се слошило, паднал и починал.

Вчера откако Т.Ѓ. паднал на улицата Илинденска пред дуќаните во близина на Новиот мост во Велес и починал, таа се доближила до него и му ги украла парите.






Осомничената била задржана во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, најавија од СВР Велес.

На велешанецот вчера откако му се слошило на улица околу 10 часот, веднаш била повикана Итна медицинска помош, која констатирала смрт без траги на насилство.

Поврзани содржини