ОГРАБИЛ БАНКА ВО „СКОПЈАНКА“ Маскирано лице со пиштол се заканувало на вработените

Според очевидци, вооружениот грабеж се случил во филијалата каде влегло лице со кацига, а потоа избегало со ранец во непознат правец.

479

Вооружено лице ограбило банка во трговскиот центар „Скопјанка“ заканувајќи им се на вработените со својот пиштол.

„Денеска во 11.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во филијала на една банка на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари“, информираат од МВР.






Според очевидци, вооружениот грабеж се случил во филијалата каде влегло лице со кацига, а потоа избегало со ранец во непознат правец.

Дел од медиумите пренесуваат дека бил aктивиран системот за повикување на обезбедување, по што имало обид лицето да биде фатено и совладано.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини