ОГРАБЕНИ СЕ ДВЕ ЦРКВИ ВО СКОПЈЕ Украдено е ѕвоното од црквата во Сопиште

Од полицијата не откриваат дали двете кражби се поврзани, но временската и методската сличност отвора сомнеж дека станува збор за организирана група која целно ги избира црковните објекти.

1,043

Во рок од само два дена, две православни цркви на територијата на Скопје беа мета на крадци. Грабежите се случиле со употреба на физичка сила и со погоден алат, а од едната црква, освен разни предмети, е однесено и ѕвоното од камбанаријата.

Првиот случај бил пријавен утрото на 19 мај во 09 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје. Според пријавата, непознати сторители во периодот меѓу 18 и 19 мај, упаднале во дворен објект на црква во селото Сопиште. Со насилно отворање и користење на погоден алат, од објектот се одземени повеќе предмети, меѓу кои и црковното ѕвоно – симболот на духовниот повик, кој со години ги повикуваше верниците в црква.






Само еден ден подоцна, на 20 мај, уште една кражба била пријавена – овојпат од црква во централното градско подрачје на Скопје. Пријавата во полиција стигнала во 10 часот, а според информациите, кражбата се случила на 18 мај во попладневните часови, помеѓу 17 и 17:45 часот. И во овој случај, крадците употребиле сила и алатки за да влезат во објект во кругот на црквата, од каде одзеле вреден предмет, за кој не се наведува што точно е украдено.

Во двата случаи, СВР Скопје соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите и пронаоѓање на сторителите. Од полицијата не откриваат дали двете кражби се поврзани, но временската и методската сличност отвора сомнеж дека станува збор за организирана група која целно ги избира црковните објекти.

Поврзани содржини