Ограбена зградата на Општина Арачиново

570

Вчера во 8 часот, секретарот во Општина Арачиново пријавил во полиција дека непознат сторител извршил тешка кражба во општинската зграда, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 08.06.2020 во 08.00 часот, секретарот во општина Арачиново пријавил дека во периодот од 16.00 часот на 04.06.2020 до 08.00 часот на 08.06.2020 непознат сторител извршил тешка кражба во општина Арачиново. Според пријавеноот, сторителот со употреба на сила влегол во општината. Со дополнителен попис од одговорните лица во општината ќе биде утврдено дали нешто е одземено, по што ќе биде утврдена и причинетата материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.

Поврзани содржини