ОГРАБЕНА ОБЛОЖУВАЛНИЦА ВО ШУТО ОРИЗАРИ Обвинителството сомничи 3 лица
Разбојниците со сила и закана со пиштол кон вработената во обложувалницата одзеле парите од дневниот промет, околу 82.000 денари и побегнале.
Јавен обвинител од ОJO Скопје нареди да се спроведе истражна постапка против 3 лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „разбојништво“ според член 237 став 4 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик.
Како што информира ОЈО, на 5 декември, во вечерните часови, тројцата осомничени заедно влегле во обложувалница на улица Индира Ганди во Шуто Оризари и со сила и закана со пиштол кон вработената ги одзеле парите од дневниот промет, околу 82.000 денари и побегнале.
„Осомничените, на возраст од 35, 36 и 33 години, се повеќекратни сторители на кривични дела, а едниот од нив во моментот на сторување на последното разбојништво бил во бегство, односно оддалечен од КПУ Идризово – Скопје каде издржувал затворска казна и не се вратил од користење погодност – домашно отсуство. Ценејќи ги сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени“, соопшти ОЈО