Ограбена обложувалница во Ченто, истепан малолетник во Градски парк

1,779

СОПРУГОТ СЕ ВРАТИ ДОМА – На 25.01.2021 по преземени мерки и дејствија од страна на полициски службеници, пронајден е Д.И.(67) од Штип, за кој на 23.01.2021 во 10.30 часот во СВР-Штип, од страна на неговата сопруга А.И.(45) било пријавено дека се оддалечил од домот.

ПРИВЕДЕН СОПСТВЕНИК НА ЧАЈЏИЛНИЦА – Вчеравечер (24 јануари) околу 22 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 59-годишниот тетовец Ш.И., чиј угостителски објект (чајџилница) на улица „Ленин“ во Тетово работел по дозволеното време и во него престојувале пет лица.Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.






СТОП, ПОЛИЦИЈА – Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, 18 мерки за користење на мобилен телефон, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се пет мерки за возење под дејство на алкохол, 16 санкции за непочитување на брзината на движење…

УАПСЕНИ КРАДЦИ – Одделението за внатрешни работи Берово до Основното јавно обвинителство Берово поднесе кривични пријави против С.Т.(26) и Д.Т.(26) двајцата од с.Двориште, беровско, поради постоење основи на сомнение дека извршиле седум кривични дела „тешка кражба“. Пријавените на 21.03.2020 на место викано „Дебели рид“ атар на с.Двориште, беровско, извршиле серија тешки кражби од објекти, од каде одзеле предмети.

ИЗГУБЕНО ДЕТЕ – На 24.01.2021 во 05,00 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба, бил пронајден Д.И.(12) од Кочани, кој бил пријавен дека се оддалечил од домот на 16.01.2021.

ТЕПАЧКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК – На 25.01.2021 во 03.30 часот во Полициска станица Центар, Г.Н.(47) од Скопје, пријавил дека на 24.01.2021 околу 19.00 часот во близина на фонтаната во Градски парк неговиот 17 годишен син бил физички нападнат од неколку лица, од кои едниот го познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОГРАБЕНА ОБЛОЖУВАЛНИЦА – На 24.01.2021 околу 20,00 часот во СВР Скопје,  Д.Т. пријавил дека во спортска обложувалница во населба Ченто, две лица со закана одзеле пари од вработените. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ДЕЛ ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ЗА 25.01.2021

Поврзани содржини