ОГРАБЕНА E ОБЛОЖУВАЛНИЦА ВО БУТЕЛ За грабежот во Скопјанка засега нема потврда
Дали станува збор за два одделни настани, или полицијата е видена кога се подготвува за акција, засега не е јасно.
Вработен во обложувалница на подрачје на Општина Бутел денска во 10:20 часот пријавил дека две лице со закана со оружје му одзеле пари – информира МВР.
„Веднаш се упатени полициски службеници на лице место и се преземат мерки за расчистување на случајот“ – информира МВР без да наведе дали ограбувачите се откриени.
Како што објавивме претходно, повеќе полициски возила со неколку десетини полицајци од интервентната полиција, вооружени и опремени, биле забележани пред трговскиот центар Скопјанка, во Аеродром, но грабежот изгледа не се случил таму.
Дали станува збор за два одделни настани, или полицијата е видена кога се подготвува за акција, засега не е јасно.
ВО ТЕК Е ГРАБЕЖ ВО СКОПЈАНКА! Во акција се десетици вооружени специјалци