ОГНОТ СТИВНА ВО МАРИУПОЛ Русите дозволија хуманитарен коридор за ранети и за цивили
Мариупол, стратешко пристаниште во источна Украина, е под опсада и блокада и трпи немилосрдни напади од руските сили, изјави денеска градоначалникот на овој приморски град, Вадим Боиченко, на десеттиот ден од руската инвазија.
Руските сили денеска во 10 часот по московско време ќе го прекинат огнот за да овозможат хуманитарни коридори од украинските градови Мариупол и Волноваха, соопшти руското Министерство за одбрана.
Русија и Украина на разговорите во четвртокот се согласија дека треба да се воспостават хуманитарни коридори и прекин на огнот.
Мариупол, стратешко пристаниште во источна Украина, е под опсада и блокада и трпи немилосрдни напади од руските сили, изјави денеска градоначалникот на овој приморски град, Вадим Боиченко, на десеттиот ден од руската инвазија.
За викендов е договорена третата рунда преговори меѓу руската и украинската страна.
„Веќе пет дена нашиот град, нашите семејства и половина милион жители се под немилосрдни напади“, напиша на Телеграм градоначалникот Боиченко, притоа повика и на продолжување на отпорот на неговите сограѓани и украинските сили.
Во градот нема струја и вода, властите велат дека не можат да ги евакуираат ранетите, а ситуацијата многумина ја споредуваат со опсадата на Ленинград во Втората светска војна.