ОГНОТ НЕ ЗАПИРА ВО БЕРОВСКО Кај Грбавец уште гори

484

По локализирањето на пожарот близу село Будинарци, во беровско се уште активен е пожарот кај месноста Грбавец помеѓу селата Митрашинци и Будинарци.

Вечерва со акцијата за гаснење раководи словенечката единица, а на терен се и австриската и бугарската противпожарна единица, која поради локализирањето на пожарот кај Будинарци го премести својот пункт кај новото жариште, објави телевизијата Канал 5.






Вечерашнава борба на пожарникарите и останатите луѓе кои цел ден учествуваат во гаснењето на пожарот кај Грбавец е да се контролира да не премине од другата страна на селото Митрашинци, а со тоа да „префрли“ и во радовишкиот регион.

Поврзани содржини