🎥 ОГНОТ НЕ НАВЛЕЗЕ ВО БОЛНИЦАТА ВО БАРДОВЦИ Во седум налети хеликоптер на МВР исфрли 10 тони вода кај Блаце

Во објектите на Психијатриската болница има присутен дежурен медицински и административен персонал и активно ќе ја следат состојбата, информираат од Министерството за здравство.

123

Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање активности во врска со гаснење на пожар во реонот на Блаце, денеска попладне се упатија со хеликоптерот Бел 412 за извршување на задачата.

Во седум налети хеликоптерот исфрли 10 тони вода, а потоа поради ноќните услови се врати во базата, информира МВР.






Министерството за здравство нагласува дека по пожарот што денеска зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје”, ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.

„Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот кон болничките објекти. Не е причинета никаква материјална штета врз објектите и не се регистрирани повредени меѓу пациентите и персоналот. Пожарот зафати само надворешен дел од дворот, обраснат со сува трева и истиот е успешно локализиран.

Во објектите на болницата има присутен дежурен медицински и административен персонал и активно ќе ја следат состојбата“, информираат од Министерството за здравство.

Од Општина Карпош истакнуваат дека иако противпожарните екипи го локализирале пожарот, густ црн чад и натаму се шири во околината и ветерот го носи во целост врз населеното место Бардовци.

Општината им препорачува на жителите на населеното место Бардовци, доколку се во состојба барем наредниве 5-6 часови да бидат надвор од ова населено место, додека целосно не биде изгаснат овој пожар.

Поврзани содржини