ОГНОТ КАЈ ВАРДАРИШТЕ СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА Брзата реакција на пожарникарите спречи поголема катастрофа
Како што информираше командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, на терен биле ангажирани 25 пожарникари со осум возила.
Скопските пожарникари успеаја огнената стихија кај Вардариште да ја стават под контрола и се врши догаснување.
Како што информираше командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, на терен биле ангажирани 25 пожарникари со осум возила.
– Превентивно исклучивме два далеководи – еден на ЕВН и еден на МЕПСО, затоа што интервениравме во нивна близина. Нема повредени и нема материјална штета, изјави Томевски.
Поради гаснењето на пожарот, 47.000 граѓани на Скопје останаа без електрична енергија, откако беа исклучени трафостаниците „Скопје 4 – Аеродром“ и „Скопје 4 – Исток“.
– По барање на Противпожарната бригада, нашите екипи веднаш ги исклучија трафостаниците за да се овозможи безбедна интервенција. Напонот ќе биде повторно воспоставен веднаш штом добиеме потврда дека теренот е безбеден, информираа од Електродистрибуција