ОГНОТ ИМ ГИ „ГОЛТНА“ ДОМОВИТЕ Осум семејства останаа без покрив над главата
Засега причините за настанување на пожарот се непознати, а семејствата бараат сместување, бидејќи како што велат во огнот им изгореле покуќнината и сиот имот.
Во пожарот што избувна рано утрово на улицата Илинденска во Гостивар, целосно изгореа четири бараки. Во огнената стигихија нема повредени лица.
Според информациите на жителите и очевидците, огнот се појавил утрово околу 5 часот и брзо се раширил.
Од огнот настрадаа домовите на осум семејства од кои најголемиот дел се социјални случаи.
Засега причините за настанување на пожарот се непознати, а семејствата бараат сместување, бидејќи како што велат во огнот им изгореле покуќнината и сиот имот.
Поради староста на објектите и запаливиот материјал, интервенцијата на пожарникарите не била ефикасна, иако огнот бил многу бргу локализиран.