ОГНОТ Е БЛИСКУ ДО ЗАТВОРОТ Се шири пожар на патот Штип-Радовиш

Пожарот се шири лево и десно од патот кон село Драгоево.

363

Се шири пожар на отворено на патот Штип-Радовиш во близина на затворот. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека добиле пријава за пожар на отворено на патот Штип – Радовиш, на излезот на Штип блиску до затворот.

Екипите на ТППЕ Штип се на терен. Пожарот се шири лево и десно од патот кон село Драгоево.






Како што информираат од ЦУК, гори нискостеблеста шума, грмушки и трева.

Поврзани содржини