📽️ ОГНОМЕТ ВО СИДНЕЈ И СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД БОНДИ Еве како метрополите во Азија ја дочекаа новата 2026

Во Пекинг, шоуто го „украдоа“ анимираните коњи кои галопираа во небото. Во Тајпеј, главниот град на Тајван, огнометите беа испалени од 508 метри. „Тајпеј 101“ е највисоката зграда во земјата. Во Бангкок имаше шоу со дронови. Огномет во боја на виножито го означи почетокот на 2026 година над Сеул, главниот град на Јужна Кореја.

36

Новата 2026 година први ја прославија жителите на островот Кирибати, а огномети осамнаа во повеќе градови во Азија и во Сиднеј во Австралија. Новата година во Кирибати настапи во 11 часот по македонско време, со што официјално започна глобалниот влез во 2026 година.

Сиднеј ја дочека 2026 година со традиционален огномет, одржан со засилено присуство на полицијата, неколку недели откако вооружени лица убија 15 лица за време на еврејски настан на плажата Бонди.






Околу 40.000 пиротехнички ефекти беа употребени на простор со должина од околу седум километри. Во градот се одржа помен за жртвите од нападот во 23 часот по локално време, а Сиднејскиот пристанишен мост беше осветлен во бела боја, додека на неговите столбови беше прикажана менора, симболот на јудаизмот.

– По трагичниот крај на годината за нашиот град, се надеваме дека дочекот на Новата година ќе обезбеди можност да се собереме и со надеж да погледнеме кон мирната и среќна 2026 година – рече градоначалничката на Сиднеј, Кловер Мур, во пресрет на настанот.

 

На социјалните мрежи може да се види и како изгледаше огнометот во Токио.

 

Спектакуларни огномети имаше и во Куала Лумпур, главниот град на Малезија.

 

Во Пекинг, шоуто го „украдоа“ анимираните коњи кои галопираа во небото.

 

Главниот град на Тајланд, Бангкок, приреди величествено светлосно шоу неколку моменти пред полноќ – со дронови користени за создавање на различни разнобојни слики. Потоа следеше огромен огномет додека часовниците отчукуваа во новата година.

 

Сингапур влезе во новата година со маестрални огномети.

 

Огномет во боја на виножито го означи почетокот на 2026 година над Сеул, главниот град на Јужна Кореја.

 

Во Тајпеј, главниот град на Тајван, огнометите беа испалени од 508 метри. „Тајпеј 101“ е највисоката зграда во земјата.

 

Поврзани содржини