Огненовски: Потребно е дигитализацијата на образованието да се реализира во неколку фази

Од ИКТ Комората на ССК се подготвени директно да се вклучат во реализрањето на процесот.

208

ИКТ Комората на Македонија смета дека дигитализацијата во високото образование ќе овозможи квалитетен напредок, со овозможување на образование достапно за сите, но внимателно треба да се пристапува кога се во прашање основното и средно образование.

Саша Огненовски од ИКТ Комората вели дека квалитет може да се постигне единствено доколку процесот се обликува да биде прифатлив за сите засегнати страни, бидејќи воведување на овие нови процеси во образованието ангажира и дополнителни средства за сите вклучени.






– Ставот на ИКТ комората е дека е потребно во прва фаза да се дигитализираат содржини кои на соодветен, а пред се визуелен начин на учениците ќе им обезбедат разбирање на наставните содржини, особено на оние содржини за практична или факултативна настава, кои е невозможно да се изведат во училишните простории. Инвестицијата на владата во овој поглед треба да биде преку креирање соодветна интернет платформа на која ќе се овозможи достапност на квалитетни содржини, кои ќе бидат прифатливи за сите, но најмногу за учениците – вели Огненовски.

Тој смета дека при набавка на соодветна опрема за училиштата истата потребен е индивидуален пристап при јавните набавки, бидејќи секој субјект или образовна институција има специфични потреби и соодветно на тоа треба да се креира соодветна постапка за набавка на опрема.

– Во однос на учениците, потребно е да се предвиди помош за сите категории кои немаат соодветни можности која може да се реализира со доделување ваучери за набавка на неопходната ИКТ опрема – вели тој.

Од комората сметаат и дека е важно да не се занемари потребата од квалитетен пристап до содржините, односно потребата да се овозможи стабилен интернет пристап за секој и секаде во државата, за да се обезбеди еднаков пристап до едукативниот процес.

-Во овој дел потребно е вложување од централната и локалната власт, за развој на интернет мрежата во руралните средини во соработка со интернет провајдерите, а ИКТ комората е подготвена активно да се вклучи во просецот ставајќи ги на располагање на надлежните институции своите професионални капацитети се со цел да се креира најдобро можно решение – вели Огненовски.

Поврзани содржини