„Огнената група“ во ДУИ вчера регираше по најавата на премиерот Димитар Ковачевски за смена на заменик-министерот за одбрана, Башким Хасани од Гостивар и ставање кадар на Алијанса за Албанците, на негово место.
– Зарем гласачите гласаа за ДУИ потоа да ги разрешува кадрите од Гостивар, кои и онака ги нема многу на централно ниво? – праша Саранда Имери, секретарка за родова еднаквост, која додаде дека со ова им се заканува опасност на активистите на ДУИ во Гостивар.
Според неа, сега може да се случи кадрите на Алијанса да ги отпуштаат од работа активистите на ДУИ од Гостивар или да им го оспоруваат вработувањето. Имери ги повика пратениците на ДУИ од Гостивар до понеделник да се освестат што прават. Заменик-министерот Хасани е дел од „Огнената група“.