„ОГНЕНИТЕ“ БАРААТ СТОЛЧЕ ВО РАБОТНАТА ГРУПА ЗА УСТАВНИ ПРОМЕНИ Освен Бугарите во уставот да влезе и албанскиот јазик
Тие го повикуваат целиот албански политички блок да се произнесе за отстранување на формулацијата „20 отсто“ и вметнување на албанскиот јазик, со што според нив ќе се исправи „децениската неправда кон албанскиот народ“.
Фракцијата на ДУИ, т.н. „Огнена група“ е подготвена да номинира свој претставник во работната група за уставните измени со кои Бугарите треба да се вметнат како една од заедниците во Преамбулата.
Од оваа група велат дека целосно ги поддржуваат измените, но освен за Бугарите бараат да се расправа и за замена на формулацијата „20 отсто“ со „албански јазик“.
– Сакаме да истакнеме дека цврсто ги поддржуваме уставните измени. Сакаме во овој процес да имаме активна, а не само набљудувачка улога, иако официјално не сме поканети, ја изразуваме нашата целосна подготвеност како фракција во рамките на ДУИ да учествуваме во работната група за уставни измени и да ги ставиме на располагање на државата сите наши професионални капацитети – велат од фракцијата на ДУИ.