Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на својот Фејсбук профил доцна попладнево напиша дека по неколкудневна борба со огнената стихија над село Будинарци, попладнево големиот шумски пожар е совладан.
„Со тоа целосно е изгаснат големиот шумски пожар кој го зафати реонот на општините Пехчево, Делчево и Берово. Поаѓајки од нашето начело, безбедноста на луѓето на прво место, известуваме дека во пожарот не настрада ниту еден локален жител, ниту припадник на противпожарна или друга единица или институција, со исклучок на еден повреден австриски пожарникар кому му посакуваме брзо оздравување. Дел од австриската противпожарна опрема како и наши и бугарски пожарникари ќе останат да стражарат на лице место за да не дојде до повторно разгорување на оганот на одредени места, нешто што редовно се случува по совладувњето на вакви големи пожари особено имајки го во предвид засилениот ветар кој од пред малку почна да дува“, напиша Ангелов.