ОГНЕНА ЕНЕРГИЈА И ОВАЦИИ ЗА МЛАДИТЕ КОРЕОГРАФИ Почна Танц фест Скопје 2022

Синоќа беа изведени кореографиите „Општествена критика“ на Бобан Русески, во која настапија Сара Цветковска, Адријана Данчевска и Јована Зајкова, „Пат до месечината“ со гостите од Нови Сад, Србија, во кореографија на Раде Обрадовиќ и „Самовили и демони“ во кореографија на Јована Зајкова и Бобан Русески, кои настапија, придружени од вокалната уметница Зарина Првасевда. 

1,085

Пред полна сала, со силни аплаузи, синоќа во Домот на АРМ се отвори осумнаесетото издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2022 со серијата Современи кореографски идентитети и кореографии на тројца млади уметници, Бобан Русески, Раде Обрадовиќ и Јована Зајкова.

Настапот на Раде и Ана Обрадовиќ од Нови Сад, Србија со „Пат до месечината“

Пред многубројната публика, во извонредна атмосфера, со полна енергија, беа изведени кореографиите „Општествена критика“ на Бобан Русески, во која настапија Сара Цветковска, Адријана Данчевска и Јована Зајкова; „Пат до месечината“ со гостите од Нови Сад, Србија, во кореографија на Раде Обрадовиќ и Самовили и демони“ во кореографија на Јована Зајкова и Бобан Русески, кои настапија, придружени од вокалната уметница Зарина Првасевда. Публиката со одушевување и големи аплаузи ги награди младите уметници.

Сцена од „Самовили и демони“ во кореографија на Јована Зајкова и Бобан Русески






Програмата на Танц Фест Скопје 2022 се одвива под мотото „Танцувајќи на работ“.

На овогодинешниот фестивал публиката ќе има можност да ги види и претставите „Go Figure It Out“ на Адријана Данчевска, „09190“ на Дејан Битровски, „Популус“ на Филип Петковски, „Само среќа“ на Томео Вержес од Франција, како и „Интер-Вју“ на Жиган Крајнчик, ко-продукција на Словенија и Латвија. Ќе биде претставен и Косовскиот балет со претставата „Егзодус“ на кореографот Ено Печи, како и продукцијата на Скопје танцовиот театар „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на Рисима Рисимкин, која ќе се изведе прв пат по огромниот успех, кој Рисимкин и Скопје танцовиот театар го доживеаја на сцената на Националниот театр за современ танц „Шајо“ во Париз, Франција.

Вокалната уметница Зарина Првасевда настапи во „Самовили и демони“

Фотографиите се на Драган Перковски

Поврзани содржини