ОГЛАС: Купете го креветот на кој почина Уснија Реџепова
Огласот со денови кружи на интернет, а секој што сака да ја дознае цената на овие предмети мора да му се обрати на агентот за продажба.
Уснија Реџепова беше една од најголемите музички ѕвезди на минатиот век, која жареше и палеше низ цела Југославија со својот глас и со својот изглед.
Таа немаше деца, па по нејзината смрт, најблиските роднини наследија сè она што таа го имаше стекнато низ годините. Но, сега, целата српска јавност е шокирана со нехуманиот потег токму од тие роднини.
Имено, на еден профил на социјалната мрежа Фејсбук е објавен оглас во кој се продаваат антиквитетите на Уснија Реџепова, како и нејзиниот омилен клавир. Тоа што е најбизарно е дека на истиот тој оглас е наведено дека се продава и креветот на покојната пејачка, на кој таа го испуштила последниот здив.
Огласот со денови кружи на интернет, а секој што сака да ја дознае цената на овие предмети мора да му се обрати на агентот за продажба.