ОГЊЕН ЛАЗИЌ Е НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ПИВАРА СКОПЈЕ Доаѓа на местото на Митрев кој беше унапреден во Coca-Cola HBC

Новиот генерален директор доаѓа од позицијата директор за маркетинг и комерцијална извонредност во „Бамби“, Србија. Има богато искуство во индустријата за пијалаци и финансиски менаџмент, како и во управување со развој на стратегии за раст на бизнисот, инфнформираат од Пивара Скопје.

6,466

Од 1 јуни, нов генерален директор на Пивара Скопје е Огњен Лазиќ. Тој доаѓа на местото на Душан Митрев, кој е унапреден на нова позиција во рамки на Coca-Cola HBC групацијата, информираат од Пивара Скопје.

Новиот генерален директор Лазиќ доаѓа од позицијата директор за маркетинг и комерцијална извонредност во „Бамби“, Србија.






Има богато искуство во индустријата за пијалаци и финансиски менаџмент, како и во управување со развој на стратегии за раст на бизнисот.

– Голема чест е да се преземе раководење на компанија со едновековна традиција, која зад себе има препознатливост, стабилност, тим со искуство, но и огромен потенцијал за раст. Заедно со тимот ќе работиме на унапредување на ефикасноста, воведување иновации во работата, проширување на нашето портфолио и уште поголема поврзаност со консументите. Целта е јасна, да останеме вистински 24/7 партнер за пијалаци и прв избор на пазарот – изјави Лазиќ.

Лазиќ претходно бил директор за финансии на „Бамби“ од 2018 година, а исто така работел и во индустријата за пијалоци и како консултант во ЕУ.

„Тој е препознатлив по својот иновативен пристап во менаџирањето, како и по креирање ефикасни синергии помеѓу различни сектори и тимови, со цел подобрување на резултатите и оптимизација на процесите. Неговата експертиза и постигнати резултати ќе бидат силна основа за понатамошен раст на Пивара Скопје, со фокус на иновации во бизнисот, унапредено корисничко искуство и поттикнување на развој на таленти во рамки на компанијата“, порачуваат од Пивара Скопје.

Компанијата вели дека останува посветена на својата мисија да креира 24/7 портфолио за секој ден од денот слушајќи ги потребите на консументите.

„Пивара Скопје продолжува да работи на јакнењето на позициите на пазарот, градењето највисоко ниво на задоволство кај потрошувачите, како и со реализацијата на бројни општествено-одговорни проекти кои се една од нејзините главни одлики. Пивара Скопје е дел од глобалните групации Coca-Cola HBC и Heineken N.V“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини