ОГЊЕН АМИЏИЌ И 17 ГОДИНИ ПОМЛАДАТА ПАРТНЕРКА ГО ЧЕКААТ ПРВОТО ДЕТЕ Српскиот водител ќе стане татко по вторпат
Српскиот водител Огњен Амиџиќ и неговата колешка и емотивна партнерка Мина Наумовиќ ќе станат родители, открива „Блиц“ од извор близок до популарната двојка.
Српскиот водител Огњен Амиџиќ и неговата колешка и емотивна партнерка Мина Наумовиќ ќе станат родители, открива „Блиц“ од извор близок до популарната двојка. Бебето ќе пристигне следната година, а идните родители се пресреќни.
Авторот и водител на најгледаната шоу-програма „Амиџи шоу“ и неговата девојка веста ја дознале пред еден месец, а оваа информација ја споделиле само со најблиските нив.
– Огњен и Мина се пресреќни откако ја дознаа радосната вест, а информацијата дека ќе добијат бебе ја надополни нивната врска до крај – вели извор близок на парот кој инсистирал на анонимност.
– Нивната врска беше силна и сериозна од првиот ден, па оваа информација беше очекувана. Огњен буквално едвај чека да добие уште едно дете, а Мина со нетрпение чека да стане мајка – вели изворот.
Огњен и Мина ја започнаа врската по запознавањето и заедничката соработка во шоуто „Амиџи шоу“ и важат за еден од најскладните парови на српската јавна сцена. Љубовта се случила спонтано и целосно им го променила животот. Јавноста ја откри нивната љубов кон крајот на јуни годинава кога беа фотографирани заедно.
Како што е веќе познато, Амиџиќ од претходниот брак со манекенката Даниела Димитровска го има синот Матија, додека на Мина ова ќе и биде прво дете.
Самиот Амиџиќ за српски „Курир“, потврди дека со Мина го чекаат првото дете, како и дека се пресреќни.
ФОТО: Инстаграм