ОФОРМЕН ПРЕДМЕТ ЗА УРИВАЊЕТО НА СПОМЕН-КУЌАТА НА ВЛАДО МАЛЕСКИ Обвинител од Струга извшил увид и наредил вештачење

Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот, се вели во соопштението на ОЈО.

123

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта.

Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка.






„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот“, се вели во соопштението на ОЈО.

При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство.

Министерот за култура Зоран Љутков најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историјскиот дух.

Поврзани содржини