ОФОРМЕН Е ПРЕДМЕТ ЗА ИЗДАВАЊЕТО НА ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ Се проверуваат докази дали има кривично дело

437

Јавното обвинителство има формирано предмет во кој се споени три кривични пријави во врска со издавањето на личните документи. По него се постапува професионално, и доколку има или нема кривично дело, ЈО ќе донесе соодветна одлука, изјави јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски.

Во интервју за Слободен печат, Коцевски вели дека едната пријава е поднесена малку порано од граѓанин, а другите две се од пред некој ден, од политички партии, односно нивни претставници.






– За нив се води единствена постапка. Во оваа фаза од постапката ниту јас, ниту друг обвинител, не би можеле да дадеме многу податоци. Се постапува професионално, се проверуваат сите докази и доколку има или нема кривично дело, верувајте дека ЈО ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука врз основа на доказите со кои располага – вели тој.

Тој додава дека предметот е заведен, доделен на јавен обвинител и дека се преземаат одредени процесни дејствија.

Поврзани содржини