Данскиот актер Мадс Микелсен ќе го замени Џони Деп во улогата на Гелерт Гринделвалд во третото продолжение на серијалот „Фантастични ѕверови и каде да ги најдеме“, потврди американското студио „Ворнер брос“.
Микелсен (55), кој е познат по улогата на серискиот убиец Ханибал Лектор во американската телевизиска серија „Ханибал“, ќе го игра злобниот волшебник Гелерт Гринделвалд во спиноф-филмот на авторката на „Хари Потер“, J. К. Роулинг.
Деп беше принуден да ја напушти улогата на почетокот на овој месец кога изгуби случај за клевета во Велика Британија против весникот „Сан“ во врска со статија за наводно семејно насилство.
Деп, кој претходно почна со продукцијата на третиот филм „Фантастични sверки“ во Лондон, откри дека од „Ворнер“ побарале од него да замине.
Да потсетиме, Деп се откажа од улогата на моќниот волшебник во популарната серија што и претходи на сагата Хари Потер, откако изгуби судски спор со британскиот весник „Сан“, заради написот во кој беше обвинет дека ја тепал сопругата „Сакам да ги информирам сите дека студиото Ворнер Брос ме замоли да се откажам од улогата на Гринделвалд во „Фантастични sверови“. Се согласив на нивното барање и го исполнив“, напиша американскиот актер на својот профил на Инстаграм.
Премиерата е закажана за 15 јули 2022 година.