Официјално откажан Октоберфест
Минатата недела Шудер рече дека е „прилично скептичен“ околу тоа дали Октоберфест ќе се одржи оваа година во контекст на пандемијата.
Овогодинешното издание на познатиот фестивал на пиво „Октоберфест“, кој традиционално се организира секоја есен во Минхен, е откажано поради ширењето на коронавирусот.
Според весникот „Билд“, откажувањето на фестивалот беше официјално објавено денес на прес-конференција на премиерот на Баварија, Маркус Шудер и градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер.
– Да се живее со коронавирусот значи да се живее претпазливо. Сè додека нема вакцина, ова е чувствителна тема. Се согласивме дека ризикот е преголем … полу-алтернативите се бескорисни – изјави градоначалникот на Минхен, Рајтер.
Минатата недела Шудер рече дека е „прилично скептичен“ околу тоа дали Октоберфест ќе се одржи оваа година во контекст на пандемијата.
Вчера тој ја повтори оваа проценка во „Ландагот“ (регионален парламент) на Баварија.
Тој истакна дека со оглед на меѓународниот карактер на фестивалот, сè уште не е соодветно да се одржи според сегашните услови.