Официјално откажан фестивалот „Егзит“

Тие понатаму објаснија дека ќе ги објават датумите за фестивалот за 2021 година до крајот на месецот.

444

Оваа година нема да се одржи фестивалот „Егзит“, а тоа организаторите го потврдија на нивната „Фејсбук“ страница.

– Бидејќи здравствената состојба во нашата земја не се подобри од нашето последно обраќање, а имајќи предвид дека здравјето и безбедноста на сите учесници на фестивалот се наш приоритет број еден, ве информираме дека прославата на 20 години од „Егзит“ фестивалот дефинитивно нема да се одвива од 13 до 16 август годинава на тврдината Петроварадин “, пишуваат организаторите.






Тие понатаму објаснија дека ќе ги објават датумите за фестивалот за 2021 година до крајот на месецот.

– Новото менување на датумот на фестивалот е обемен и сеопфатен процес, за кој е потребно време, затоа ве молиме да бидете трпеливи. Датумите за „Егзит 2021“ ќе ги објавиме до крајот на месецот, а известување за апликациите и опциите за наплата ќе пристигнат наскоро. Да се грижиме едни за други – велат огранизаторите.

Поврзани содржини