ОФИЦИЈАЛНО Од утре нема веќе полициски час!
Одлуката следи по препораката на Комисијата за инфективни болести, која оцени дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира.
Владата и официјално одлучи да го укине полицискиот час од утре, среда, 00.00 часот.
Укината е и забраната за најмногу 100 гости на свадба, а дозволени се концерти и забави.
Попрецизно, дозволени се манифестации, концерти и забави во отворени клубови, со капацитет до 50 отсто од објектот, но не повеќе од 1.000 луѓе .
Одлуката следи по препораката на Комисијата за инфективни болести, која оцени дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на коронавирус и зголемување на бројот на вакцинирани.