Официјално: Македонија патува на Мундијалот, Чешка го откажа настапот!

Голем број на чешки ракометари беа заразени со ковид-19, па националниот тим реши да не патува во изменет состав за Египет. Така, Македонија како прва „резерва“ го доби местото на Чешка!

959

Ракометната репрезентација на Македонија ќе игра на Светското првенство (СП) кое ќе се игра во Египет, откако селекцијата на Чешка се откажа од светскиот ракометен собир, поради здравствени проблеми, објави Интернационалната ракометна федерација.

Голем број на чешки ракометари беа заразени со ковид-19, па националниот тим реши да не патува во изменет состав за Египет. Така, Македонија како прва „резерва“ го доби местото на Чешка!






Нашиот национален тим го продолжува континуитетот на големите настани. Македонија за Светското првенство имаше подготовка и две пријателски средби со Чиле во Скопје. Ракометарите се очекува да заминат за Египет во наредните два дена. Македонија ќе биде во групата Г заедно со Шведска, Египет и Чиле. Најдобрите три селекции во секоја група одат во наредната фаза.

Македонија не доби шанса да игра бараж во јуни со Франција, па го имаше статусот на прва резерва. Сепак, една од четирите репрезентации која имаше големи проблеми со ковид-19 во своите редови, се откажа, па беше активиран статусот на прва резерва.

За нашата ракометна селекција ова ќе биде седмо учетсво на светската сцена. Првиот беше во 1999 година токму во Египет, а потоа следеа СП 2009 во Хрватска, СП 2013 во Шпанија, СП 2015 во Катар, СП 2017 во Франција и СП 2019 во Данска и Германија.

Најдобриот резултат на Македонија на еден Мундијал е деветтото место во 2015 година. За оваа генерација, СП 2021 во Египет ќе биде седми голем светски настан во низа.

Поврзани содржини