Официјално: Куман назначен за тренер на Барселона

Последното место на работа на 57-годишниот фудбалски стручњак беше репрезентацијата на Холандија, од каде нема официјални информации дека тој ја напуштил оваа функција.

243

Нов главен тренер на Барселона е Холанѓанецот Роналд Куман, објавено е на официјалната веб-страница на Каталонците. Договорот со холандскиот специјалист е со важност на две години.

Последното место на работа на 57-годишниот фудбалски стручњак беше репрезентацијата на Холандија, од каде нема официјални информации дека тој ја напуштил оваа функција.






Каталонскиот клуб претходно беше предводен од Кике Сетиен, кој беше отпуштен по елиминацијата во четвртфиналето од Лигата на шампионите од Баерн Минхен (2:8).

Новиот тренер на Барселона, Роналд Коман изрази задоволство од започнувањето на соработката со каталонскиот клуб.

– Секој знае дека Барселона е мојот клуб од соништата. Можноста да работам во овој клуб кај мене предизвикува посебни чувства, изјави Куман.

Тој ја коментираше својата оставка како селектор на холандската репрезентација.

– За мене беше чест да работам со репрезентацијата на Холандија. Во текот на изминатите две и пол години, се обидов да направам сè што е во моја моќ за да постигнам успех со тимот. Гледам со гордост на нашите заеднички достигнувања. Овој тим има одлична иднина, сигурен сум, додаде Куман.

Поврзани содржини