ОФИЦИЈАЛНО ЌЕ СЕДНЕ НА КЛУПАТА Потер потпиша за Челси
Потер доаѓа на местото на германскиот стратег Томас Тухел, кој беше отпуштен ден по поразот на Челзи во вторникот во Загреб од Динамо (0-1) во рамки на воведното коло од групната фаза во Лигата на шампиони.
Лондонски Челси потврди вечерва на својот официјален интернет сајт дека нов тренер на екипата е 47-годишниот Грахам Потер со кого е потпишан петгодишен договор.
Потер доаѓа на местото на германскиот стратег Томас Тухел, кој беше отпуштен ден по поразот на Челси во вторникот во Загреб од Динамо (0-1) во рамки на воведното коло од групната фаза во Лигата на шампиони.
Новиот тренер на Челси седеше на клупата на Брајтон од 2019 година, а претходно ги предводеше шведски Остерсунд и Свонси.
Потер го остави Брајтон на високото четврто место на табелата во Премиер лигата, додека Челси во моментов е шестопласиран.