ОДЗЕМЕНИ СЕ 250 КИЛОГРАМИ ГРИЦКИ И ОРИЗОВИ БАРОВИ СО ПОМИНАТ РОК, ПРОДАВАЧОТ Е КАЗНЕТ Производите се продавале во Шуто Оризари и на бувјакот во Маџари

Сторителот е казнет со парична казна од 400 евра во денарска противвредност. Издадена е и наредба за уништување на небезбедните производи, наведуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

2,097

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Министерството за внатрешни работи, извршиле претрес на домот на возачот на возилото.

Пртитоа пронашле 34 пакети со т.н. флипс производи и 35 пакети оризови барови со различни вкусови, грицки и други кондиторски производи во количина од 250 килограми. Утврдено е дека пронајдените производи се со поминат рок по што, како небезбедени, биле одземени од инспекциските служби на АХВ.






Како што информира АХВ, производите биле набавени од различни магацини и се нуделе и продавале на скопскиот пазар за стари работи во Маџари, како и на пазарот во Шуто Оризари во Скопје.

„Сторителот е казнет со парична казна од 400 евра во денарска противвредност. Издадена е и наредба за уништување на небезбедните производи“, наведуваат од АХВ.

Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување мерки за сузбивање на нелегална трговија со храна, за која може да пријават и граѓаните на бесплатната телефонска линија за потрошувачи 0800 3 22 22, електронска на [email protected], или лично во Агенцијата.

Поврзани содржини