ОДЗЕМЕНИ ЛИЦЕНЦИТЕ НА 6 КОМПАНИИ КОИ ОДГЛЕДУВААТ МЕДИЦИНСКИ КАНАБИС Една од нив е замешана во шверцот на марихуана во Србија

Поради констатитрани недоследности во одгледувањето канабис за медицински цели одземени се лиценците на компаниитеАлфафам, која беше замешана во шверцот на марихуана во Србија, потоа Грин лајф, ЦБД медплант, Лајф плант, Атафарм, Канабидоис, информираше министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата.

182

На шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели. Кај нив се констатирани низа недоследности, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата.

Одземени им се лиценците, како што рече, на Алфафам, која беше замешана во шверцот на марихуана во Србија, потоа Грин лајф, ЦБД медплант, Лајф плант, Атафарм, Канабидоис.






– Одлуките на Владата се засноваат на наодите од извршените контроли, несоодветно складирање на сувиот цвет, недоследни известувања до Комисијата, недоставена целосна документација за продажба и трансфер  – посочи Алиу.

Покрај досега спроведените контроли во 13 правни субјекти, Алиу најави контроли во сите 43 правни субјекти кои одгледуваат канабис за медицински цели.

Поради пропусти и можност за злоупотреби констататирани во постоечката законска регулатира, Алиу најави ново законско решение кое ќе биде донесено кога ќе завршат контролите во сите 43 правни субјекти.

– Детектиравме пропусти во законот и ќе имаме ново законско решение кое нема да може да се злоупотреби. Тоа ќе го оставиме на стручните лица, но ќе имаме законско решение кое ќе биде во согласност со ЕУ директивите и она што недостига на терен – рече Алиу.

Поврзани содржини