ОДЗЕМЕНИ ЛИЦЕНЦИТЕ НА 13 УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ, 5 ДИСКОТЕКИ ИМААТ ЗАБРАНА ЗА РАБОТА Инспекторите казниле и 28 кафулиња и клубови

Од 23 угостителски објекти со лиценца констатирано е дека 13 не исполнуваат минимум технички услови, за пет правни лица регистрирани како кабаре диско и кои се со истечена лиценца, а работеле изминатиот период издадени се решенија за забрана за вршење на дејност.

360

Државниот пазарен инспекторат вчера извршил 82 контроли на угостителски објекти, од кои за 13 било констатирано било дека не исполнуваат минимум технички услови за лиценца и истата ќе им биде одземена, информираше портпаролот на Владата Марија Митева на денешната прес-конференција.

Митева изјави дека овие правни лица ќе имаат забрана за вршење на дејноста.






– Во текот на вчерашниот ден од страна на Државниот пазарен инспекторат од извршени вкупно 82 контроли со записник, инаку се повеќе, за нив трае анализата и контролата, по Законот за угостителска дејност, состојбата е следната: од 23 со лиценца констатирано е дека 13 не исполнуваат минимум технички услови, за пет правни лица регистрирани како кабаре диско се со истечена лиценца, а работеле изминатиот период издадени се решенија за забрана за вршење на дејност. Кај останатите 41 кафуле, клуб кај 30 од нив се констатирани неправилности по Законот за угостителска дејност и изречени се 28 прекршочни налози и две затворања за пречекорување на работно време – изјави Митева.

Поврзани содржини