ОДЗЕМЕН МУ Е ПАСОШОТ НА ПРОФЕСОРОТ ОД УМЕТНИЧКО Ќе одговара за сексуално вознемирување на ученичка
На професорот му е одземен пасошот и забрането му е да ја напушта државата. Професорот има обврска редовно да се јавува кај надлежно службено лице во Судот.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против професор од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кој е осомничен за кривично дело „Сексуално вознемирување“ врз своја ученичка. Судија на претходна постапка одлучи да не одреди притвор, туку одреди мерки за претпазливост.
Судот донесе одлука со која на осомничениот му е изречена забрана за приближување – забрането му е да се приближува или да воспоставува каков било контакт со ученичката.
На професорот му е одземен пасошот и забрането му е да ја напушта државата. Професорот има обврска редовно да се јавува кај надлежно службено лице во Судот.
„Јавниот обвинител достави предлог за определување мерки за претпазливост со цел да се обезбеди присуство на осомничениот и да се заштити оштетената во текот на понатамошната постапка,“ соопштија од Обвинителството.
Случајот во „Лазар Личеноски“ ги вознемири родителите и учениците, кои бараат целосна одговорност и заштита на децата од предаторско однесување во образовните институции.
Доколку се докаже вина, на професорот му се заканува затворска казна и доживотна забрана за вршење на дејноста во образованието.