Откако неодамна го привлече на малтретирањето на кое пејачката Бритни Спирс била изложена од страна на медиумите, како и непријатностите кои на своите гости им ги приредувала водителката Елен Деџенерис, „испливуваат“ сè повеќе непријатни ситуации во кои новинарите ги довеле познатите личности во Америка.
Документарниот филм „Framing Britney Spears“, кој беше објавен кон почетокот на февруари, не престанува да ја интригира американската јавност, пред сè, поради начинот на кој тамошните медиуми негативно без никакви причини ја прикажувале пејачката и ја доведувале во непријатни ситуации со прашања и потези кои не биле пристојни.
Бритни, меѓутоа, не била единствената – луѓето на социјалните мрежи се присетуваат на сè повеќе интервјуа во кои жените од светот на славните биле изложени на нешто што очигледно им сметало, сè поради рејтингот. Едно од последните интервјуа на кое фановите се присетиле е интервјуто на актерката Џенифер Анистон, која во 1998 година во емисијата на славниот водител Дејвид Летерман доживеала нешто на кое секако не се надевала.
Ѕвездата на серијата „Пријатели“ дошла за да го промовира својот нов филм „The Object of My Affection“, а само неколку минути подоцна Летерман седнал зад неа, зборувајќи ѝ: „Извини ако ова е непристојно, сакам нешто да пробам“, а своите раце ги ставил на нејзиниот врат, потоа ставил прамен од нејзината коса во уста и го излижал, иако актерката се спротивставувала.
Џенифер ја избришала плунката од својата коса со марамче и изгледала шокирано поради ваквиот бизарен потег.
На социјалните мрежи можат да се прочитаат бројни негативни коментари на сметка на Дејвид Летерман, а неговото однесување го оценуваат како „одвратно, непристојно и дрско“.