📷 „ОДВРАТНО, ОВА МЕ ИЗЛУДУВА“ Блејк Лајвли позираше на црвениот тепих, но сите гледаа во еден детаљ на неа

Актерката Блејк Лајвли се појави на уште една проекција на филмот „Another Simple Favor“ во Њујорк. Блејк позираше на црвениот тепих со сопругот Рајан Рејнолдс, а за таа пригода избрала фустан со корсет со исечоци, но многумина забележаа детаљ што ги зачуди.

187

Актерката Блејк Лајвли се појави на уште една проекција на филмот „Another Simple Favor“ во Њујорк. Блејк позираше на црвениот тепих со сопругот Рајан Рејнолдс, а за таа пригода избрала фустан со корсет со исечоци, но многумина забележаа детаљ што ги зачуди.

На фотографиите, кои се раширија на социјалните мрежи, се гледаат дамки на фустанот под пазувите, а станува збор за портокалови траги од спреј за самопотемнување. Актерката претходно ги критикуваше своите колеги за нивното појавување на црвениот тепих, а сега многумина на социјалните мрежи ја критикуваа за тој детаљ.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


„Дамките на нејзиниот фустан ме излудуваат“, „Сите дамки за самопотемнување околу пазувите“ и „Одвратно, се гледаат траги од спрејот за самопотемнување на на фустанот. Под пазувите. За некој што се потсмеваше на големиот нос на својот колега (меѓу другите коишто јавно ги исмеваше), сега и самата се изложи на истиот вид критики“, се некои од коментарите.

 


Да потсетиме, Блејк беше во центарот на вниманието во последните месеци поради правната битка со актерот Џастин Балдони, кого го тужеше за сексуално вознемирување на снимањето на филмот „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us). Според тужбата на Балдони, Лајвли во текот на снимањето на романтичните сцени го коментирала за неговиот нос и му предложила да размисли да се подложи естетски зафат.

Поврзани содржини