ОДРОНИ НА ПАТОТ СВЕТИ НИКОЛЕ – МИЛАДИНОВЦИ На 10 километри до Миладиновци сообраќајот е пренасочен

АМСМ препорачува внмаелно возење.

278

На патниот правец  Свети Николе – Миладиновци на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење, информира АМСМ

Патниот правец с. Балван – с. Таринци кај мостот на реката Брегалница, поради безбедност за учесниците во сообраќајот неколку денови е затворен за секаков вид на сообраќај.






Сообраќајот на патниот правец Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Поврзани содржини