– Од сабајлево се работи со машина на отстранување на одроните на карпи каде има 150-200 метри кубни одрони паднати на пругата. Ако не ни се расипе машината, планираме истите да се расчистат за пет часа и повторно да се воспостави железничкиот сообраќај на релација Велес-Гевгелија и обратно – појасни Трајков.
3
Трајков информира дека од вчера е пуштен и патниот сообраќај од Велес кон Битола и обратно откако целосно е расчистена пругата по големите одроните помеѓу станиците Мартолци и Стари Град, вечерта од 15 март годинава. Претходно од 30 март во 2 часот веќе бил воспоставен товарниот сообраќај на оваа пруга Велес-Битола и обратно.
– Таму имаме поставено чувар, а кој пред да дојде возот треба да го помине опасното место каде најчесто се случуваат одрони , возот запира за чуварот да му потврди на машиновозачот дека пругата е чиста и може да помине.Оваа процедура ќе биде се додека има снег, за да не се појави нова опасност од ново лизгање на карпи, а заради безбедност на железничкиот сообраќај на овој дел од пругата – појасни Трајков.