ОДРОН НА ПАТОТ ОД РЕСЕН КОН ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН СТЕЊЕ Полицијата апелира да не се вози натаму

Надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена.

549

Поради одрон, во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен кон граничниот премин Стење

Денеска (25.11.2025) од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен-граничен премин Стење.






МВР апелира до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена.

 

Поврзани содржини