ОДРЕДЕН ПОЧЕТНИОТ СОСТАВ ЗА ДУЕЛОТ СО ГЕРМАНЦИТЕ Играчите се загреваат

Натпреварот ќе се игра на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20.45 часот. 

448

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го одреди почетниот состав за вечерашниот натпревар со Германија во квалификациите за Светското првенство 2022 година.

Милевски се одлучи за следниве 11-мина: голман: Столе Димитриевски одбрана: Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Дарко Велковски, Езѓан Алиоски среден ред: Тихомир Костадинов, Бобан Николов, Аријан Адеми и Елиф Елмас напад: Дарко Чурлинов и Адис Јаховиќ.






Германскиот селектор Ханси Флик се одлучи за Мануел Нојер на голот; во одбраната лево Давид Раум, стоперите Тило Керер и Никлас Зиле, десно Лукас Клостерман; во средината двоецот Јосуа Кимих и Леон Горецка; во офанзивата Каи Хаверц, Томас Милер и Серж Гнабри; во нападот најистурен Тимо Вернер.

Натпреварот ќе се игра на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20.45 часот.

Поврзани содржини