ОДОБРЕНИОТ ПАСОШ ЗА ОНИШЧЕНКО ИМ ДОНЕСЕ СУСПЕНЗИЈА На тапет двајца вработени во АНБ

Директорот на АНБ Виктор Димовски на седница на матичната собраниска комисија за контрола на работата на АНБ, посочил дека некои службеници не ја извршиле потребната меѓународна консултација со НАТО.

2,743

Двајца припадници на Агенцијата за национална безбедност, кои се дел од одделот за стратешка соработка, се суспендирани поради случајот со украинскиот бизнисмен Олександар Онишченко, кој добил македонско државјанство иако бил на црната листа на САД поради мешање во тамошните избори, дознава „Фокус“.

Директорот на АНБ Виктор Димовски на седница на матичната собраниска комисија за контрола на работата на АНБ, посочил дека некои службеници не ја извршиле потребната меѓународна консултација со НАТО, пред да дадат согласност за издавање пасош за украинскиот бизнисмен. Директорот на АНБ за овој случај треба да реферира  и на затворена седница пред Владата, која го именуваше

 

 

Поврзани содржини