ОДОБРЕНИ 550.000 СРПСКИ ВАКЦИНИ СПУТНИК V За извоз се чека дозвола од Русија
Српскиот министер без ресор Ненад Поповиќ прецизирал дека се контролирани 960 примероци по 18 параметри според најголемите светски стандарди и дека сите покажале „одличен резултат“.
Српскиот министерот без ресор Ненад Поповиќ изјавил дека рускиот институт Гамалеја одобрил за употреба 550.000 вакцини Спутник V кои во Торлак се произведени до 13 август.
Поповиќ за РТС изјавил дека вакцините се со целосно еднаков квалитет како тие кои се произведени во Русија и дека до крајот на годината се планира производство на 4 милиони дози.
Тој прецизирал дека се контролирани 960 примероци по 18 параметри според најголемите светски стандарди и дека сите покажале „одличен резултат“.
– Имаме 550.000 вакцини (275.000 вакцини од компонентата 1 и 275.000 вакцини од компонентата 2) подготвени за употреба во Србија, со назнака произведено во Србија- изјавил тој.
Според него, одлуката за извоз на вакцините ќе ја донесе Владата на Србија и српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Треба да усогласиме со рускиот партнер, од нив да добиеме одобрение за извоз за да не се случи и едните и другите да извеземе на исти пазари – вели Поповиќ.