Одобрена изградба на брана на реката Отиња

739

Општина Штип го доби одобрението за градење за брана на река Отиња од Министерството за транспорт и врски, информира Општината.

– Се исплатеа сите напори и трудот кој го дадовме како општина заедно со тимот на проектанти ,тимот кој работеше на ревизија на овој компленсен проект и тимот кој работеше на деталниот урбанистички план. Деновиве ќе биде распишана постапката за изградба на браната Отиња, која е со висина на круната од околу 34 метри со 3 милиони м3 вода – велат од Општината.

 

 


 

Поврзани содржини