ОДОБРЕН ЛЕК ЗА РЕДОК И ТЕШКО ИЗЛЕЧИВ РАК НА ЈАЈНИЦИ Прва и единствена терапија за орална употреба

Реткиот и спорорастечки рак на јајници, познат и под името LGSOC (low-grade serous ovarian cancer), погодува околу 80.000 жени ширум светот, најчесто во дваесеттите и триесеттите години од животот или во петтата и шестата деценија.

67

За овој редок, спорорастечки серозен рак на јајници од низок степен, кој е позитивен на KRAS мутација, Американската администрација за храна и лекови (FDA) одобри нова комбинација на лекови за орална употреба.

Редок вид рак кој тешко се лекува и слабо реагира на стандардни терапии






Новата комбинација на лекови, која веќе се користи и за рак на усната празнина, доби забрзано одобрување од FDA откако клиничките испитувања покажаа значително и долготрајно олеснување за пациентите со редок рак на јајници кој не реагира добро на вообичаените терапии. Ова е првиот и единствен лек кој FDA го одобрила за серозен рак на јајници од низок степен со позитивна KRAS мутација.

Терапијата вклучува два лека: авутометиниб и дефактиниб и се продава под заедничкиот назив Avmapki Fakzynja Co-Pack. Лекот е наменет за возрасни пациенти кои веќе пробале други третмани.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини