ОДОБРЕН Е НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ НА ЈУН Судот ја одби жалбата на суспендираниот јужнокорејски претседател

564

Судот во Сеул денеска ја отфрли жалбата поднесена од суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол, со која се бара укинување на судските налози за негово апсење и претрес на претседателската резиденција, соопштија судски претставници.

Окружниот суд во Сеул ја донесе одлуката неколку дена откако тимот правни советници на претседателот Јун поднесе приговор за суспендирање на извршувањето на наредбата, која ја нарекоа „незаконска“, пренесува јужнокорејска новинска агенција.






Засега нема достапни детали за образложението на судот за тоа на основа на кои параметри е одбиено барањето на Јун, но истиот суд одобри налог за апсење на Јун поради испрашување во врска со неговата улога во неуспешниот обид за воведување вонредна состојба на 3 декември.

Истражители од службата за борба против корупцијата на високи претставници, кои го водат случајот со вонредната состојба и Јун Сук-Јол се обидоа завчера да ги спроведат судските наредби и да го уапсат суспендираниот претседател, но ги повлекоа своите службеници по тензичниот шестчасовно соочување со претседателската служба за безбедност, кој го блокираше влезот.

Поврзани содржини